Радио Милева

Македонските јавни личности Ви го честитаат Божиќ со искрена желба за здрваје, мир и благосостојба

Македонските јавни личности Ви го честитаат Божиќ со искрена желба за здрваје, мир и благосостојба

Иако работната недела стартуваше, православните хистијани денес го слават вториот ден од Божиќ.

Пораките и честитките за раѓањето на Христос се главниот поздрав деновиве, а суштината на Божиќ е во љубовта, простувањето и милосрдието.

Познатите Македонци преку социјалните мрежи им упатија честитка на своите пријатели и следбенци и со искрена желба им посакаа пред се здравје, мир и благосостојба.

Ристе Ристески
Честит Боќиќ! Нека ни донесе мир,здравје и спокој! За многу години!

фото:ристе ристески/инстаграм

Марјана Станојковска
Мир божји! Христос се роди! Драги пријатели, нека целата година ве прати чувство на љубов, среќа и топлина.Ви посакувам добро здравје и семејна благосостојба!Среќен Божиќ!

фото:марјана станојковска/инстаграм

Стефан Филиповски
Христос се роди!!! Мир,здравје,љубов и среќа на сите!

фото:стефан филиповски со неговата мајка/инстаграм

Милена Антовска-Станковска
Среќен Бадник и Божиќ драги мои. Да сте живи, здрави, насмеани и вечно да сјаете како оваа Витлеемска ѕвезда! За многу години. Христос се роди.

фото:милена антовска-станковска/инстаграм

Елена Стојановска
Среќен Божиќ од мене и моите, до тебе и твоите!

фото:елена стојановска/инстаграм

Елена Ристеска
Среќен Бадник и Божиќ! Да се родиме одново сите оваа година преку нова надеж, нови радости и нови убавини. Да дишеме чист воздух и да сме похумани. Да се сакаме и почитуваме повеќе. Ви испраќам љубов на сите овдешни и на сите далечни луѓе..

фото:елена ристеска/инстаграм
To top