Радио Милева

„Некст тајм“ со музичка честитка за празниците (видео)

„Некст тајм“ со музичка честитка за празниците (видео)

Божиќ и Бадник се празници кога семејството  се собира дома, а како што вели една поговорка: „Кај и да си, за Бадник дома да си“.

Македонските јавни личности преку социјалните мрежи го честитаа Бадник и Божиќ со најискрени желби за мир, спокојство, среќа, љубов и здравје. Некои од нив открија кај кого се паднала паричката, па тие ќе имаат успешна и бериќетна година.

Браќата Стефан и Мартин Филиповски  од „Некст тајм“ со видео од домашната празнична атмосфера, покрај богата бадникова трпеза и песната „Нешто ќе те питам бабо“ ги честитаа празниците на сите кои слават.

„Среќни празници,без разлика на верата да сте здрави живи спокојни и среќни сите!!! Христос се роди“, напишаа на социјалните мрежи.

To top