Радио Милева Естрадни секси фоточеститки

Среќна Нова Година и претстојните празници од разголените македонски естрадни убавици! (ФОТО)

Среќна Нова Година и претстојните празници од разголените македонски естрадни убавици! (ФОТО)

Ново време, нови навики… Поштенските картички и новогодишни честитки отидоа во заборав, ама навиките да се честита Новата Година останаа  исти… Или можеби не? Добро, социјалните мрежи ги заменија пликовите, марките и поштата, ама затоа „поштарот“ сега се вика Интернет и директно в раце, или поточно во „полни очи“ ти ја доставува честитката. Особено ако има со што да ги наполниш. А, дел од  убавиците од македонската естрада покажаа дека и тоа како ги следат „модерните трендови“, па Новата Година на своите обожаватели и следбеници им ја честитаа со „адреналински разгледници“! Подразголени, во секси пози или секси облека, по долна и горна, помалку или повеќе соблечени отколку облечени, сеедно…

Пораката е една: „Среќна Нова Година“ и претстојните празници ви ги честитаат разголените македонски естрадни убавици! Но, да тргнеме редум…

1.Сузана Гавазова 2020 колку и да беше тешка и неубава, ќе ја испрати насмеана и распеана. А ко не за друга, за престојната година да ни биде многу поубава, посреќна и полесна, во 2021 Сузето ќе влезе со песна. И тоа директно, во живо  онлајн во вашите домови  преку социјалните мрежи и дигиталните платформи.

Сузето е секси сирена и во лето, а уште посекси бабамразица во зима, полна со еротски набој и возбуда, па затоа очекувајте својот неодолив сексапил пејачката и овој пат да го искористи да ви ја честита Новата 2021 година…

Како „ретка ѕверка“ што ве мерка… од естрадната „џунгла“!

2. Македонскиот модел Александра Накова ги искористи ланските фотографиите направени во лифтот да се потсети на волшебствата на најлудата ноќ.

Уште додека онака (с)облечена одеше на дочек, зашто после полноќ, кој зна што може на „гевгелиската пепелашка“ да и се случи, па и тоа малку парче облека на себе, да го снема…  А пота, не би било баш најзгодно и најприкладно за честитање. Годинава, седната покрај елката дома… Среќна Нова и од Накова!

3. Фолкерките од сите на естрадата некако се најревносни во новогодишните честитки… И најраскомотени!

На македонската Србинка со бугарска адреса на престој, Марина Тошиќ до душа, раскомотувањето не и страно ниту преку годината, па за новогодишната  фото честитка  е дури и пристојно „соблечена“.

Затоа и не пропушти да ја честита Новата година покажувајќи среде Софија дека проѕирниот свечен фустан што светка како новогодишни сијалички, може да се носи… и без гаќички!

4. Сања „Барбика“ Цинцева оддамна веќе не е барбика, ама затоа се’ уште е  пеколно секси. Дали и што имаше  под сребреното мини фустанче во најлудата ноќ, само таа (и евентуално уште некој)  знае, ама затоа покажа како може фустанчето да се носи без градник… Одоздола мини, одозгора длабоко деколте и распуштени гради… На сето тоа и високи чизми до колена за секси изглед и Среќна Нова Година дури од Германија, каде Барби лани пееше за највеселата ноќ.

А годинава? Годинава нема настапи, ама тоа не значи дека нема песна. И по дома може да биде весело, а и баеги повозбудливо ако си во вистинско друштво, па годината да ти тргне уште од прва… Среќна Нова 2021 и од Барби!

5. Елена Велевска годинава не го држеше в скут ниту  кадифеното мече, ниту беше стокмена  како тинејџерка, со  „дредлокс“ фризура, во плетенки собрана коса, фустанче од црна проѕирна тантела, ниски црни чизмички и црвена блузичка, како лани…

Овој пат  македонската фолк пејачка седната на клупа како вистинска дама,  го истакна сиот свој сексапил и телесен раскош, па наместо новогодишна честитка – цел ферман беседа, во вид на порака какви да бидеме во Новата 2021-ва!

6. Ирена Спасовска оваа Нова Година исто така пропушти да биде секси бабамразица, ама затоа не пропушти да биде секси на новогодишната честитка.

Со лежечко селфи без длабоко деколте, но во кусо петролеј зелено фустанче и чорапи над колена –  уште една потврда дека пејачката е и тоа како секси жена… Епа, Среќна Нова и од Ирена!

7. Стојне Николова си држи до традицијата… И во песните и во фотосесиите, па како и лани и годинава „струмичкото мињонче“  реши да изгледа како слатко новогодишно бонбонче…

Облечена како секси дадамразица, во кусо мини фустанче до препони и црвени високи чизми над колена, зрачи со еротика, ама само толку колку што таа е дозволена.  Македонската „џепна фолк венера“ седната крај накитената елка како секси украс, ни ја честита 2021 на сите нас!

8. Прилепската убавица, екс водителка и модел Жаки Блонд или Жаклина Лина, ем разголена ем накитена ви ја честита Нова Година.

Специјално во својата најнова новогодишна фотосесија, Жаки им се препушти на празничните волшебства на својата опсесија – позирањето и фотографирањето.

Соблечена само по секси долна облека во црн корсет од провидна тантела, расната прилепчанка покажа со какви телесни атрибути располага. А на новогодишните сијалчки не им треба ниту елка, ниту струја… Веднаш почнуваат да трепкаат и зрачат светлина, зашто сами по себе „се палат“ на сексапилната Жаклина, која вака ви ја честита Новата Година!

9. По расната прилепчанка на ред е експлозивната битолчанка… Фолк пејачката Марија Луиса Тодоровска ја има можеби најбомбастичната новогодишна фоточеститка… Специјално направена на една предновогодишна еротска фотосесија…

Годинава згодната битолчанка нема да пее во највеселата ноќ, што не значи дека нема  да и биде весело и во домашен амбиент, во кој Марија е веќе подготвена да ја дочека Новата Година.

Патем, провокативните фотографии на сексапилната битолчанка за многумина беа мамка да се заинтересираат за неа и нејзината кариера, а една од нив Марија Луиса искористи како Новогодишна честитка.

Свртена кон објективот одзади со она, што и е најголемиот адут. Новогодишна честитка или секси разгледница со нејзината убава, мазна, заоблена задница! А на неа, истетовирани црвени усни за… Еден бакнеж – желби рој… Новогодишни, секако!

10. И за крај,  уште една фолкерка, овој пат кумановка – Сања Сани Гроздановака! Нема класична секси фотографија, ниту класична новогодишна честитка, ама затоа Сани има гастрономска- секси приказна или порака… за „новогодишното лапање“!

А, кога сме веќе кај „лапањето“, дозволено е, како да не… За Нова Година дури и најмногу. Пејачката сама го истакна списокот: кифли, сарма , руска… Баеги лапање…

Ама тоа беше лани… А годинава? Годинава Сани список нема… Барем, не го истакна… Ама сепак, „лапање“ сигурно ќе има… Ако не стигнала да подготви нешто домаќинката, секогаш постои алтернација… А можеби и едното и другото… После кифли, сарма, руска… и по некоја „фрлена“ чашка, секогаш има простор и за… „новогодишно лапање“!

Епа, Среќна Нова 2021-ва!

 

 

 

 

To top