Радио Милева

Силвестер Сталоне на интензивна нега, а Леонардо Ди Каприо шмркал витамин Б

Силвестер Сталоне на интензивна нега, а Леонардо Ди Каприо шмркал витамин Б

Во продолжение прочитајте неколку интересни детали од снимањето на познатите холивудски остварувања и како актерите се однесуваат кога доаѓа до одредени ситуации, односно компликации на снимањето.

Forrest Gump, 1994
Том Хенкс потпишал договор во кој се одрекол од хонорарот но во случај филмот да стане успешен, тој добива процент од остварената продажба на кино билети. Имено, ваквиот ризик многу му се исплател на актерот со оглед дека филмот заработил неверојатни 667 милиони долари од продажба на билети.Откако прикажувањето било завршено, на сметката на Том Хенкс “пристигнале” 40 милиони долари.

Interstellar, 2014
Кристофер Нолан за потребите на снимањето посадил 500 ари пченка. По завршувањето на снимањето на филмот, ја продал пченката по одлична цена и со тоа заработил одлична сума на пари.

Rocky IV, 1985
Познатиот Роки односно Силвестер Сталоне инсистирал на реални сцени со бокс во четвртиот дел од сагата за Роки Балбоа. Тој побарал од колегата, актерот Долф Лундгрен, да го удри најсилно што може. По ударот во стомак, Сталоне завршил на интензивна нега.

Dallas Buyers Club, 2013
Иако имал исклучително мал буџет, тимот кој работел на “Dallas Buyers Club” доби Оскар за најдобра шминка. Имено, буџетот за снимањето на филмот изнесувал 5 милиони долари, а од тие пари биле одобрени само 250 долари за шминка на актерите.

Gone Girl, 2014
Снимањето на “Gone Girl” било прекинато во период од 4 дена бидејќи познатиот актер Бен Афлек одбил да носи качкет со симболот на бејзбол тимот Њујорк Јенкис. Тој инаку е голем обожавател на бостонскиот тим Ред Сокс бидејќи живее во тој град, па така ни по било која цена не сакал да понесе обележја на сопарничкиот тим.


The Devil Wears Prada, 2006
На снимањето на филмот, Мерил Стрип ѝ се обратила на својата колешка Ен Хатавеј со зборовите:

“Мислам дека си совршена за оваа улога. Толку сум среќна што ќе работиме заедно. И да, ова е последната убава работа која ќе ти ја кажам до крајот на снимањето на филмот”.

The Wolf of Wall Street, 2013
Актерите Леонардо Ди Каприо и Џона Хил за потребите на сцената во која требало да шмркаат кокаин, употребиле издробени таблети витамин Б. Бидејќи Џона не реагирал добро на внесот на овој витамин, тој подоцна бил хоспитализиран.

The Godfather, 1972
Познатата мачка која седи во крилото на Марлон Брандо не била вметната во филмското сценарио. Станува збор за бездомна мачка која режисерот Френсис Копола ја пронашол на снимањето, а одлуката била донесена во последен момент и со тоа мачката станала дел од историјата.

To top