Популарната турска актерка Бергузар Корел или попозната како Шехерезад, пред неколку месеци на своите следбеници преку Инстаграм им откри дека е во блажена состојба и го очекува своето второ дете заедно со сопругот, актерот Халит Ергенч.
Таа се појави на една новогодишна емисија и блескаше во долг фустан што го истакна нејзиниот труднички стомак.
– Халит и јас очекуваме друго дете. Со зборови, не можам да ја опишам нашата среќа, бременоста е благословена состојба и токму така се чувствувам. Ние сме многу среќни и ви благодарам на сите за вашите убави желби – рече актерката пред неколку месеци кога и потврди на јавноста дека е бремена.