Северина Којиќ на социјалните мрежи објави фотографија со својот син Александар и сопругот Игор Којиќ, па ја дполни со емотивна порака за крајот на 2019 година која за неа беше доста турбулентна.
Нејзиниот поранешен сопруг Милан Поповиќ доби старателство над синот, па Северина мина низ тежок период, а сега преку фотографијата и пораката ги разнежни своите следбеници со тоа што си ја отвори душата и искрено ги сублимираше искуствата и научените лекции.
“Што ќе понесете со вас во Нова Година? Не носете оптоварување, носете можности! Донесете радост, надеж и утеха. Времето минува и луѓето заминуваат, моментално или трајно, но убавите работи се запаметени засекогаш. Секогаш носете ги на дното на вашето срце луѓето со кои се запознавте, кои ви кажаа убав збор, ви дадоа насмевка, охрабрување… Сетете се и на луѓето што ве повредуваат и ве научија за што навистина е животот. Не жалете што е уште една година зад вас, радувајте се на убавите денови и радувај се на сето она што животот ви го дал. Колкумина не го дочекаа овој ден, но ти да! Кажи благодарам и кажи пак благодарам! Колку пати и да го кажуваш тоа, никогаш не е доволно. Дали знаеш зошто? Бидејќи животот е навистина се’ што имаш! “, напиша Северина на својот Инстаграм.