Принцот Хари (35) и Меган Маркл (38) на социјалните мрежи ја споделија својата новогодишна честика со фотографии од најубавите моменти од 2019 година. Во компилацијата се наоѓа и нова фотографија од нинвиот син Арчи.
Фотографијата најверојатно настанала за време на нивното Божиќно патување во Канада. На фотографијата се гледа како принцот Хари стори покрај езеро, а малиот Арчи носи нова капа, јакна и чизми од овча кожа, подарок од австралискиот гувернер Питер Кросгрув.
„Ни беше прекрасно што успеавме да запознаеме многумина од вас низ целиот свет и едвај чекаме да ве запознаеме и следната година. Се надеваме дека 2020 година ќе ви донесе многу здравје и среќа“ напишаа Меган и Хари во описот на фотографијата.
Хари и Меган, Божиќ го прославија со Арчи во дворец вреден 14 милиони долари. На одморот далеку од Лондон ќе уживаат дури шест недели. Инаку, Меган во Канда живеше седум години.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/ni-london-ni-los-andzeles-eve-kade-princot-hari-i-megan-markl-kje-gi-pominat-bozikjnite-praznici/