Нашата македонска убавица Катарина Ивановска, Новата 2020 година ја дочека во кругот на најблиските во вилата на Маврово која ја имаат од минатата година заедно со партнерот Цобе.
Оваа 2020 година ја почнаа поразлично од претходната, бидејќи сега се во проширен состав со малата Кира која дојде на свет пред неколку месеци.
Според некои верувања, се вели дека како ќе ти тргне годината на 1-ви, а за некои на 2-ри јануари на празникот Св. Игнат, таква ќе ти биде целата година.
Катарина објави фотографија како е оставена сама надвор, без клучеви од својот дом, па самата си кажа дека не и тргнало на арно.
Но, подоцна, кога успеа да влезе дома, дозна дека тоа важело за 2-ри јануари, односно денешниот ден, па сакаше да верува дека нема да ја следи малер во Новата година.
Откако се згреа покрај огнот, си направи и сланина на жар и покажа дека и манекенките знаат квалитетно да се намрсат и влесат многу калории.