Тијана Дапчевиќ беше сеприсутна на новогодишната ноќ.
Најпрвин за старт на Новата, се појави за првпат во четвртата сезона на „Преспав“, а потоа и во забавниот дел на серијата, кој како и минатата година го направија исто, во хотелот „Нова Европа“, со многу пејачи и пред многу гости.
Но, тоа беше така кога Тијана е во улога на Германката Ула, а кога е во прашање само Тијана, таа повторно беше на прослава во хотел, но во Србија, каде ноќта ја помина работно.
За време на паузата, ја имаше и на Инстаграм.
Имено, таа се обрати неколкупати пред своите обожаватели и следбеници во име на Новата 2020, но нејзиното визуелно издание шокираше.
Познато е дека естетските корекции и големите усни станаа се попосакувани, па Тијана како корисник на апаликации сакаше да го потенцира тоа тренд естетско лудило, па си ја „зголеми“ устата и си го деформираше лицето.
-Сега само вака ќе се сликам, вели Тијана и самата си се изнасмеа од финалниот резултат на модерните апликации во модерното време во кое живееме.