Актерката Шерон Стоун неодамна отвори сметка на социјалната мрежа „Бамбл“ која им овозможува на луѓето полесно да најдат партнер, а сега се пожали дека нејзината сметка е избришана.
Шерон сакаше да ја знае причината за деактивирање на нејзиниот профил и испрати мејл до одговорните на оваа социјална мрежа.
Наскоро следувал и одговор.
Тие и објасниле дека неколку корисници го пријавиле нејзиниот профил како лажен, бидејќи не веруваат дека Шерон Стоун бара партнер на Интернет.
Откако и дадоа соодветно објаснување, исто така и рекле и дека ќе и го вратат профилот.
Ова е доказ дека и славните можат да се најдат во ист кош како и „обичните смртници“, колку тоа во ситуацијата да изгледа неверојатно.