Модната дизајнерка Викторија Бекам наводно е во големи финасиски проблеми.
Странските медиуми пишуваат дека Викторија наводно го отпуштила својот личен возач бидејќи нејзината модна куќа доживеала губиток од 12, 3 милиони фунти. Се зборува дека освен возачот, отпуштила и неколку советници, додека нејзиното модно царство се бори да се извлече од долговите.
Исто така, за нејзинината главна продавница, која се наоѓа во самиот центар на Лондон, Викторија ја откажала достава за свежо цвеќе.
– Возачот повеќе го нема, Викторија се вози сама или со такси. Таа е борец и сигурно нема да дозволи модното царство да и пропадне без борба – рекол извор близок на Викторија и додал дека ја поддржуваат бројни модни дизајнери бидејќи им е многу драга.
Наводно кога Викторија последен пат била во криза, нејзиниот сопруг, Дејвид Бекам не сакал да и помогне.