Радио Милева

Стави крај на шпекулациите: Саша Поповиќ откри дали навистина го напушта „Гранд“

Стави крај на шпекулациите: Саша Поповиќ откри дали навистина го напушта „Гранд“

Директорот на „Гранд продукација“ веќе некое време е главна тема во српските медиуми и се пишува дека наводно ќе ја напушти директорската позиција.

Саша Поповиќ одлучи да стави крај на приказните, па ја откри вистината.

„Имам 65 години и официјално станав пензионер. Се пишува дека го напуштам „Гранд“, но тоа нема да се случи. Се останува исто, и понатаму сум директор. Ја сакам работата која ја работам и луѓето кои се дел од нашата фирма. Се трудев се да подигнам на повисоко ниво и мислам дека успеав во тоа“ изјави Поповиќ и додава:

„Ова е 21 век и новите генерации бараат поразлична музика, а јас сум некој кој е за народна музика“ вели директорот на Гранд.

За потсетување, Саша Поповиќ и Лепа Брена, заедно со сопругот на Брена, Слободан Боба Живојиновиќ, го продадоа остатокот од 49 проценти од Гранд продукција на Јунајтед Медиа, кој веќе купи 51% од акциите во 2014 година.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/lepa-brena-i-sasha-popovikj-go-prodadoa-grand-za-basnoslovni-pari-foto/

To top