Милан Поповиќ повторно ја тужи Северина Којиќ, пренесуваат регионалните медиуми. Северина Којиќ е на мета за нова тужба од поранешниот партнер Милан Поповиќ, на кого хрватскиот суд неодамна му го додели старателството над нивниот син Александар.
„Информер“ сега известува дека Поповиќ ќе ја тужи Северина за небрежност, како резултат на случувањата во текот на изминатата недела.
Локалниот печат претходно објави дека таа го однела синот во Грција, но потоа му дозволила на нејзиниот сопруг Игор Којиќ да го одведе на Света Гора додека таа останала во Солун.
Северина има дозвола да го изнесе својот син надвор од земјава, но проблемот е во тоа што дозволи на лице кое не е поврзано со детето да го носи надвор од Хрватска.
Според медиумот, детето ќе биде со својата мајка до 3 јануари, а потоа се враќа кај неговиот татко.