Завчеравечер во хотелот „Амбасадор“ во Белград се одржа официјалниот избор за „Мис на Балканот за 2019“ година. Победничка е нашата Кристина Димитриевска, 23 годишната Македонка од Тетово.
Таа во силна конкуренција меѓу девојките од балканските држави ја освои оваа престижна и ласкава титула и на некој начин ја потврди титулата Новогодишна Балканска убавица, која ја освои уште на свои 17 години во 2014 година.
Титулата Прва придружничка ја освои претставничката на Србија, а Втора придружничка е девојката од Црна Гора, ни изјавија од Модното Студио Црнокрак, кои ја поседуваат лиценцата за Македонија за овој балкански избор за убавина и преку кои атрактивната Кристина настапи во Белград.
Круната и ја предаде поранешната победничка, Дениса Ходисон од Романија.