Гледачите на турската драма „Парампарче“ сигурно ќе се сложат дека серијата има одличен кастинг на актери.
Хазал личи на Дилара, Џансу на Озкан, Алас на Харун…
Токму поради тоа, но и секако поради неверојатното сценарио, серијата руши рекорди на гледаност, не само кај нас туку и многу пошироко на Балканот и во Европа.
Познатиот турски актер Бариш Фалај (45), или Харун, блесна во улогата на садистички настроениот Али Керпетен во „Езел“, а по тоа оствари во низа одлични ликови во ТВ сериите и филмовите.
Но Бариш не е само добар актер, тој е лојален сопруг и посветен татко. Тој е во брак со турската актерка Есру Ронабар (39) со која се венчале на 7 јули 2006 година, а во 2009 година на светот пристигна нивниот син за кого мајката го одбрала името Мави Рузгар.
Тоа Мави (сино) е прекарот на неговиот татко кој пријателите така го нарекле поради преубавите темносини очи.
Бариш не го пропуштил величествениот момент на доаѓање на неговиот син на светот.
-Татковците не ги носат бебињата, природата тоа им го додели на мајките, па заклучив дека барем моментот на раѓање можам да го споделам со Есра. И така се најдов во породилна сала. А кога денес сакам да ја налутам сопругата и велам:„Јас прв го видов бебето“. Секако, се расплакав кога толку малечок за прв пат го земав во раце“, објаснува актерот и подвлекува дека дома е само добар сопруг и татко.
Иако има улога на негативец, Харун сепак ги освои симпатиите на гледачите. До крајот на „Парампарче“ остануваат уште неколку епизоди кои ќе бидат највозбудливите, а ќе се случи она што најмалку очекувате.