Радио Милева

Животната приказна на тетката на Суреја од „Истанбулската невеста“: Актерката проговори како е да се биде самохрана мајка

Животната приказна на тетката на Суреја од „Истанбулската невеста“: Актерката проговори како е да се биде самохрана мајка

Гледачите на турската серија „Истанбулската невеста“ ја познаваат како тетката на Суреја, а еве што вели за својот живот турската актера Неслихан Јелдан.

Преку ноќ, таа стана најпознатата тетка на целиот Балкан, и пошироко, „тејзош“, како што нагалено на турски ја нарекува нејзината внука.

Актерката Неслихан Јелдан (49), која е откачената тетка на Суреја, отпрвин се чинеше дека има придружна и помалку важна улога, но како што напредува серијата, тетката станува сè поважен лик, а со верниот пријател и соработник на Фарук – Акиф, во секоја епизода прави нови и нови шеги.

фото:инстаграм

„Со години сакав да станам тетка и мојата желба е исполнета“, вели Неслихан. „Станав официјалено. Сега на улица, дури и моите претпоставени ме нарекуваат тетка. Понекогаш, веднаш штом ќе го слушнам тој збор, ми паѓна на ум стара и невнимателно облечена жена, но денес ваквите размислувања не ми пречат “, се смее шармантната актерка.

Не и пречи како што вели дека во последно време не ја крева главата од работа.

фото:инстаграм

„Играм во два театра, снимам серија, член сум на жири. Сепак, тоа не е секогаш случај. Има моменти кога седам со месеци и не правам ништо. Се молев за ова темпо и тука е, ме исполни “, објаснува таа, додавајќи дека отворено покажува чувства во животот. Меѓутоа, ако некој маж и се допаѓа, таа прави се што може за да не му покаже, туку едноставно прави ѕид пред него.

Тоа е всушност најмногу што таа вели за својата интима. Исто така е познато дека е разведена, самохрана мајка на Аслан, слатко мало момче од околу десет, кое мама претпочита да го поминува целото слободно време со него.

фото:инстаграм

За потсетување, актерката Неслихан Јелдан, претходно ја гледавме во серијата „Сезона на црешите“ каде беше мајката на згодниот Ајаз.

To top