Принцот Хари и Меган Маркл моментално се наоѓаат во Канада каде ќе го прослават Божиќ, а наводно кралското семејство ги повикало да се вратат во Велика Британија бидејќи принцот Филип веќе четири дена е во болница.
Парот не беше на предбожиќниот ручек во кралската палата и нема да присуствува на традиционалното собирање на кралското семејство.
Војдовата и војвотката моментално се наоѓаат во Канада, а друштво им прави осумесечниот син. Тие планираат во оваа држава да поминат шест недели.
На инсистирање на кралското семејство да се вратат, парот ја објави божиќната честитка на која во прв план е синот Арчи, а зад него седат Меган Маркл и принцот Хари.
Кралското семејство забележува на парот што Божиќ ќе го прослават оделно бидејќи принцот Филип се чувствува лошо и ова е можеби последен пат како ќе го поминат Божиќ сите заедно.