Радио Милева

Нема повеќе да е дел од „Гранд“: Ана Севиќ се враќа како водителка на оваа телевизија?

Нема повеќе да е дел од „Гранд“: Ана Севиќ се враќа како водителка на оваа телевизија?

Пејачката Ана Севиќ во последните неколку години имавме прилика да ја гледаме и како водителка на „Гранд телевизија“, а сега српските медиуми пишуваат дека наводно таа добила понуда да работи на „Хепи ТВ“.

Имено, како што пишуваат медиумите таа наводно ќе води некоја забавна емисија која е во подготовка.

„Ана одлично си ја работеше работата додека ги водеше „Ѕвездите на Гранд“ и емисијата „Неки нови клинци“, па сопствениците на „Хепи“ дојдоа до идеја да и понудат да води еден нов формат во оваа телевизиска куќа. Таа е доволно позната и атрактивна, а бидејќи како пејачка нема настапи, веруваат дека ќе го прифати овој ангажман бидејќи ќе може се да постигне“ вели извор и додава:

фото: г.срданов/рас србија

„На „Хепи“ сите сакаат таа да им се придружи на тимот бидејќи мислат дека Ана е добра во водителството. Интересен е проектот, па се надеваат дека ќе прифати“ вели изворот.

Севиќ се уште не се огласи по овој повод

To top