Радио Милева

Далеку од очите на јавноста, Хилари Даф кажа „да“

Далеку од очите на јавноста, Хилари Даф кажа „да“

Како што пишува „People“ актерката Хилари Даф конечно кажа „да“ на својот партнер Метју Ком, а венчавката е одржена далеку од очите на јавноста.

„Венчавката се одржа во нејзината куќа. Беше мала и без гламур. Дојдоа само членови од семејството и блиски пријатели. Церемонијата започна на заоѓање на Сонцето“ изјави извор близок на парот, а пренесува „Азра“.

Хилари и нејзиното момче Метју Ком станаа родители во 2018 година. Парот доби ќерка Бенкс Вајолет Бер.

„Ова мало сушество го украде нашето срце. Ни се придружи во четврток и апсолутно е магично“ напиша Хилари во опис на семејната фотографија.

фото: принтскрин/инстаграм

 

 

To top