Радио Милева

Мустафа Сандал пишува автобиографија, а во неа ќе открие интимни детали од животот со Емина Јаховиќ

Мустафа Сандал пишува автобиографија, а во неа ќе открие интимни детали од животот со Емина Јаховиќ

Поранешниот сопруг на Емина Јаховиќ, Мустафа Сандал пишува автобиографија, а како што вели еден дел е посветен на неговата поранешна сопруга, Емина Јаховиќ.

Како што пренесуваат медиумите, наводно парот се сретнал да разговараат откако Мустафа и соопштил на Емина дека ќе пишува книга.

Имено, Мустафа во книгата Емина ја нарекува како „најважна жена во мојот живот“.

фото: Инстаграм

„Интересно е тоа што Мустафа одлучи да напише книга за својот живот. Тој го заслужува тоа бидејќи има кариера  и многу интезивен и интересен живот. Мене ми е драго, иако не прочитав за што се работи, можеби има и некои критики. Ќе видиме за што станува збор“  изјави Јаховиќ во „Ексклузив“ и додава:

„Очекувам дека ќе има убави зборови за мене. Едвај чекам да ја објави. Реков дека нема да ја читам пред да биде објавена“ изјави Емина.

фото: фејсбук

За потсетување, Емина и Јаховиќ се разведоа претходната година, а заедно имаат два сина.

To top