Радио Милева

Протече фотографија од Меган Маркл од средношколските денови, еве како изгледала на 16 години

Протече фотографија од Меган Маркл од средношколските денови, еве како изгледала на 16 години

Неодамна на „Инстаграм“ се појави фотографија од Меган Маркл од средношколските денови, а нејзините фанови не можат да веруваат дека воопшто не се променила.

Имено, на фотографијата Меган има 16 години и позира пред новогодишно дрво заедно со нејзиното тогашно момче Луис Сегур.

Меган на фотографијата изгледа весело и е насмеана, облечена во светкав, црн фустан, а многумина коментирале дека таа изгледа целосно исто како и денес, без оглед на тоа што сега има 38 години.

„Некој да ми каже дека фотографијата е направена претходната година би поверувал“, „Тогаш не знаеше дека ќе стане принцеза“, „Дали старее воопшто?“,  се само некои од коментарите.

фoто: Принтскрин/инстаграм

За потсетување, Меган Маркл е во брак со принцот Хари, а оваа година тие станаа родители на нивниот наследник Арчи.

To top