Секој има своја пасија кога е во прашање спортувањето и рекреацијата, а кога тоа го прават заедно членовите на едно семејството, тогаш задоволството е уште поголемо.
Оваа зима немавме снег во градските подрачја, но затоа на планинските предели може да се види и почувствува вистинската зимска идила.
Уште ако сте вљубеници во скијањето и бордањето, тогаш задоволството е на квадрат.
Семејството Црнокрак заедно ја негува оваа љубов, а освен што Мики и Светле секоја зима се редовни скијачи, тоа го прават и нивните две ќерки, Моника, а и малата Нина која допрва има да учи за скијањето од тато, мама и дада.
Оваа зима како и сите претходни, семејството Црнокрак ги посети ски -терените во Бугарија, Србија, а секако не ги заобиколија ниту македонските планини.
На социјалните мрежи Мики редовно објавува фотографии од нивната семејна зимска авантура на кои изгледаат маркантно и модерно.
Меѓу фотографиите може да се види и таква на која решиле да уживаат и во ноќно скијање.
Банско, Боровец, Копаоник, Шапка… семејството Црнокрак едноставно плени на терените!
фото:фејсбук