Фолк sвездата Цеца Ражнатовиќ беше домаќин на голем број на јавни личности, како и пријатели и роднини, на синоќешната слава за Св.Никола.
Гости и беа: Дамир Хандановиќ, Душица Јаковљевиќ, Драган Марковиќ Палма, Жика Јакшиќ и многу други беа таму, а забавата продолжи до доцна во ноќта.
Пред нејзината куќа во Дедиње се појавија трубачи, кои направија спектакл и ја вжештија атмосферата.
По пристигнувањето на гостите, пред присутните новинари се обрати Цеца која излезе и ги поздрави присутните.
Покрај поздравите, Цеца објави дека има пет готови песни досега и дека следната година ќе издаде албум, пренесува „Србија Данас“.
Од друга страна, откри и дека нејзината ќерка Анастасија ќе го објави својот деби-албум во јануари.