Синот на фолк ѕвездата Цеца Ражнатовиќ, Вељко, од неодамна е во врска со младата кошаркарка Богдана Родиќ, а тој неодамна беше во нејзиното родно место, но не го запозна нејзиното семејство.
Сепак,српски „Курир“ стапи во контакт со мајката на девојката која вели дека е среќна за новата љубов на нејзината ќерка.
-Пријатно се изненадив која Богдана ми кажа дека е во врска со синот на цеца. Тие се на почетокот од врската, но Вељко се уште не сум го запознала, но има време. За него мислам се најдобро. Тој е млад, убав, добар и воспитан. Драго ми е што се заедно и ја имаат нашата поддршка, вели мајката на девојката.
Со оглед на тоа дека родителите на Богдана имаат фарма за пилиња, идната сваќа на Цеца ја прашаа дали на пејачката ќе и подготви пиле.
-Знаете како, за сваќата мора да се подготви најубавото. И не само пиле туку и свежи домашни јајца. Се мора да биде како што треба, па кога ќе испечеме пиле да биде превкусно. Шегата на страна, ако дојде до тоа да се запознаеме, ќе направиме убав семеен ручек, вели Родиќ.
FOTO: DAMIR DERVIŠAGIĆ