Холивудскиот заводник, Бред Пит, се дружеше со разни убавици уште од моментот кога се разведе од својата колешка Анџелина Џоли, со која има шест деца.
Сепак, од време на време, јавноста повторно го свртува вниманието кон односот на Пит со неговата поранешна сопруга Џенифер Анистон и на врската која многумина фанови не можат да ја прежалат. Така беше и овој пат кога последните папарацо фотографии предизвикаа лавина шпекулации.
Имено, иако тие се разведоа пред повеќе од 14 години, актерот беше „фатен“ од фотографот меѓу гостите на божиќната забава на Анистон.
Според странските медиуми, поранешните сопружници очигледно одржуваат блиска врска и покрај не толку убавиот развод. Актерот беше во домот на Џенифер каде што се дружеа со многу познати личности.
– Божиќниот период е омилено време во годината за Џенифер која обожава да биде домаќин на забави од овој тип – изјави извор близок на актерката.
На забавата се појавија многу славни личности од холивудската елита, како Том Хенкс и Кејт Хадсон, како и телевизискиот презентер Џими Кимел.
– Бред беше поканет и на нејзиниот 50-ти роденден во февруари, по што се слушнаа уште неколку пати. Од тој роденден тие исто одржуваат контакт и сакаат да останат пријатели – открива анонимен извор.
Двојката беше во брак од 2000 до 2005 година, кога нивната љубов пропадна, поради Анџелина Џоли која со актерот се запозна насетот на филмот г. и г-ѓа Смит.
фото:гуливер/гети имиџис