Анастасија Ражнатовиќ денес е една од најпопуларните млади дами на српската сцена.
Таа ја гради својата кариера, прецизно бирајќи ги песните со кои ќе се претстави преку комплетен албум кој треба да излезе наскоро.
Нејзината мајка, фолк ѕвездата Цеца, постојано пребарува по семејната фото архива, а овој пат објави фотографија од детството на Анастасија за која напиша:
„Мамина крофна“.
Анастасија тогаш носела слатко зелено фустанче, а има и зелено шеширче, меѓутоа она што забележаа сите се нејзините бумбарести обравчиња кои тогаш ги имала.