Пејачката Тања Савиќ веќе со години живее на релација Србија – Австралија, а бидејќи во последно време се повеќе е во Белград вели дека нема свој стан во оваа престолнина.
Тања се радува на предновогодишните празници, но признава дека нема да се занимава со новогодишно украсување бидејќи нема свој стан.
„Немаме свој стан а кога ќе го купиме, тогаш ќе го украсиме со новогодишни декорации. Ми е жал за децата бидејќи нема да им купам елка“ вели пејачката и додава:
„Го сакам овој дел од годината и секогаш се радувам на празниците. Тогаш со семејството одам кај родителите“ вели пејачката.
За потсетување, неодамна папараците ја фотографираа Савиќ како плаче пред својот стан, а таа откри дека не е идеално кај неа и дека таа има проблеми.