Радио Милева

Храброст или романтика: Мики Црнокрак во спуст на месечина (видео)

Храброст или романтика: Мики Црнокрак во спуст на месечина (видео)

Иако стартот на зимата официјално се уште не е започнат, вистинските љубители на планините и скијањето ја почнаа сезоната, барем онаму каде има доволно снег.

Банско, Боровец, Копаоник, Шапка… семејството Црнокрак секоја зима е на терените, а овој пат сезоната ја почнаа од Србија, односно Копаоник каде со стартот на декември ја подготвија опремата и се препуштија на уживањето.

Секој има своја пасија кога е во прашање спортувањето и рекреацијата, а кога тоа го прават заедно сите членови на семејството, тогаш задоволството е уште поголемо.

фото:мики црнокрак/фејсбук

Семејството Црнокрак заедно ја негува оваа љубов, а освен што Мики и Светле секоја зима се редовни скијачи, тоа го прават и нивните две ќерки, Моника и малата Нина која допрва има да учи за скијањето од тато, мама и дада.

фото:мики црнокрак/фејсбук

На социјалните мрежи Мики редовно објавува фотографии од нивната семејна зимска авантура, од кои се гледа дека тој е зависник од адреналин.

фото:мики црнокрак/фејсбук

Имено, Мики сака авантура и не може да се насити само на скијање преку ден, па тоа го прави и навечер со уникатен спуст на месечина.

Ризикот за скијање навечер е поголем, но кога желбата преовладува,  се’ е изводливо. Сепак,  романтиката остана нецелосна, бидејќи Светле не му се приклучи во овој храбар потег.

To top