Радио Милева љубоморна...

Каја Остојиќ го напушти момчето – причината Анастасија Ражнатовиќ (ФОТО)

Каја Остојиќ го напушти момчето – причината Анастасија Ражнатовиќ (ФОТО)

Катарина Каја Остојиќ, наводно, ставила точка на врската по само два месеци љубов со хрватскиот фудбалер Матео Павловиќ.
Главна причина за прекинот била Анастасија Ражнатовиќ. Имено, на Каја и пречело што  нејзиното момче ја следи Анастасија на Инстаграм, па му направила aубоморна сцена која резултирала распад на врската.

„Каја се налутила кога видела дека Матео ја следи Анастасија додека таа беше со него во Париз. Почекала тој да се врати дома од тренинг и потоа пукнала кавга. Таа почнала да му вика дека тој не ја почитува, дека нема зошто да ја следи Анастасија и да ги гледа нејзините фотографии“ –  раскажал добро информиран извор, додавајќи:

Матео и одговорил дека може да следи кого сака и дека таа не е во право. Тој објаснил дека Анастасија ја следил затоа што му се допаѓаат нејзините песни, но и заради тоа како се однесува во јавноста, што ја разбеснело и натерало Каја уште повеќе да се налути.

Таа го прашала зошто е со неа, ако треба да гледа други девојки. Тој одговорил дека е слободен да го прави она што го  сака и дека ако не и се допаѓа, може да оди.

Според соговорникот, Каја наскоро ги спакувала куферите и се вратила во Брисел, каде сè уште престојува.

To top