Маријан Стојаноски ја побара раката на својата избраничка Наташа Каранџуловска. Откако речиси целосно се повлече од естрадата, се пресели во Скопје и започна да работи како дел од хорот на операта во МОБ, пејачот како да исчезна и од јавноста. За него и неговите активности многу малку се слушаше, а за приватниот живот речиси воопшто. Него го знаеја само најблиските другари и пријатели околу него.
Во јавноста се „шушкаше“ само дека пејачот е во неколкугодишна врска, дека има девојка која ја криеше како „змија нозете“. Наташа не е крушевчанка, живее во Скопје иако не е познато дали можеби има влашко потекло или влече крушевски корени.
Затоа и веста дека пејачот се свршил веднаш се прошири на социјалните мрежи, како и фотографиите на кои свршеникот е облечен во елегантно бордо палто и црни пантолани, а свршеничката пак покрај „бушавиот розов фустан“ ја покажа свршеничкатаа торта, букетот цвеќе и секако свршеничкиот прстен со кој беше побарана за сопруга од пејачот!
Маријан своевремено пееше: „Срце ќе ти украдам“ , па не и и го украде туку и го освои… Пееше и „Подарок“, а подарокот во вид на брачна понуда и веренички прстен стигна, веруваме на вистинската љубовна адреса за која пееше заедно со колешката Андријана Јаневска во дует, во „Љубов ти е адреса“… Сега му останува само до крај да остане „Ненаситен“ по неа, неговата избраничка и животна сопатничка Наташа.
Инаку крушевчанецот Маријан Стојаноски се појави некако во исто време со Тоше Проески и не само што му беше сограѓанини школски другар, туку многумина стручњаци во тоа време на почетокот на нивните кариери сметаа дека Маријан дури има и и подобар глас, подлабок и помоќен, а е еднакво талентиран и квалитетен вокал како и Тоше, па затоа и на обајцата им предвидуваа блескава кариера!
Редакцијата на Вистина.ком.мк на идните сопружници им посакува среќна веридба, наскоро среќен брак и многудетно семејство!