Бугарите овој пат ја претераа. По Гоце Делчев, се фатија за јазикот, па ни го негираат македонскиот! Ај тоа политичарите, тие се минлива и менлива категорија, туку науката, па сега Бугарската Академија на Науките тврди дека македонскиот јазик – не постоел!
И додека нашиве „владини северџани“ си ја свиткаа опашката и уста не отворија да реагираат, а ниту нашиве академици од (се’уште) МАНУ исто така останаа„неми“ кон бугарскиот став по тоа прашање , интелектуално-естрадната елита не молчи!
Први се огласија двајцата најпознати македонски актери, водители, писатели, шоумени… како сакате кажете ги, Игор Џамбазов и Весна „Бејби“ Петрушевска.
Игорче прв им докажа со тоа што им (го) покажа на Бугарите дека македонскиот јазик постои. На себесвојствен и оригинален начин, на некој начин наметна спонтана кампања, кон која веднаш се приддружи и неговат колешка.
Весна “Бејби“ Петрушевска пак ја надгради теоријата со нови докази, покажувајќи им на Бугарите од БАН не само дека постои, туку и колку македонскиот јазик може да биде „разигран“. Ја затркала „лавинта на реакции“ понатаму, која веројатно допрва ќе тргне уште посилно и пожестоко, па белким ќе ги „разбуди“ и нашиве „заспани“ полтичари и академици и тие да отворат уста!
View this post on Instagram
Некои од бугарските колеги и колешки на Џамбазов и Бејби исто така се солидаризираа… ама со власта. И со нашава и со нивната!
Така, прочуената газдарица Преслава од последната сезона на хумористичниот ТВ ситком серијал „Преспав“ која ја играше бугарската актерка Јана Маринова, уште додека беше во Македонија, за време на снимањето не можеше да одолее, а да не го поздрави „Преспанскиот договор“ и тоа онака, , среде Скопје од плоштад Македонија. До душа, не пропушти да ги спомне ниту „карсивите маже“…
Oткако си замина за Бугарија, Јана – мома на Игорче малку му недостасуваше, ама Џамбазов очигледно не знаел дека Преsлавче во негово отсуство, а Бога ми и присуство, му „работи зад грб“!
Ама затоа сега Џамбазов ја отпоздрави двојно: И за Преспанскиот и за јазикот…
А, кога сме веќе кај јазикот, Славче може да се потсети на кој јазик зборуваа нејзините колеги во „Преспав“. Чисто онака, за да не мора покрај „исторически“ и практично да се докажуваме дека македонскиот е поразличен од бугарскиот јазик, кога ќе го ставиш в уста!
Среќа што Славче среде Скопје не негираше, туку од прва призна дека Македонците се „красиви маже“… Како ли тогаш Бугар(к)ите ќе требаше да ги разубедуваме во спротивното!