Пејачот Дарко Лазиќ е во сериозен здравствен ризик поради тежината што ја има во моментов.
“На Дарко полека му откажуваат виталните органи. Неговите бубрези и срцето се најмногу изложени на ризик. Тој постојано се гуши, има болки на левата страна на градите. Дури и да ја изгуби тежина, неговото сало ќе остане да виси, па најдобро решение е да ја смени исхраната, да се стави на диета, а потоа и да оди на липосукција. Вака, станува се погусто и погусто“ – изјавил нему близок извор, пренесуваат белградските медиуми.
„Таквото оптоварување не можат да издржат ниту неговите колена, ниту на нозете, а да не зборуваме за вештачкиот колк“ – додава изворот.