Радио Милева

Спои убаво и корисно: Шеф Марк и сопругата ги спакуваа куферите пред Нова година и заминаа на оваа егзотична дестинација

Спои убаво и корисно: Шеф Марк и сопругата ги спакуваа куферите пред Нова година и заминаа на оваа егзотична дестинација

Неколку години по ред, Марк де Јонг имаме прилика да го гледаме во кулинарското шоу „Брза кујна“ каде што заедно со колегата Никола приготвуваат разни специјалитети.

Кога станува збор за неговиот приватен живот, Марк не е многу отворен да зборува на него, па на социјалните мрежи најчесто објавува фотографии од разни специјалитети, учество на гурмански натпревари и слично.

Меѓутоа, деновиве Марк заедно со неговата сопруга Василка го искористија слободно време да заминат на некое предновогодишно патување, а во описот на истиот напиша дека секогаш е добитна комбинација кога ќе се спои убаво и корисно.

фото: фејсбук

Марк и Василка заминаа на Кипар, а готвачот на својот „Фејсбук“ сподели неколку фотографии и покажа како ужива во предновогодишните празници.

фото: фејсбук

Деновиве, Марк се пофали дека неговиот син го наследил талентот од тато, па знае одлично да готви. Имено, тој на својот Фејсбук објави видео од неговиот син како готви, а во описот на истото напиша:

„Се гордеам со мојот син“.

За потсетување, Марк во едно интервју изјави дека пред неколку години се вратил во Македонија да го исполни аманетот на неговата баба дека ќе ја посети еднаш земјата каде се родил. Тој вели дека е горд Македонец, а за своето македонско потекло и македонска кујна раскажувал во неговиот ресторан во Белгија.

To top