Времето лета, детацата брзо растат, ние старееме или поубаво звучи кога ќе се каже дека стануваме поискусни и го полниме својот багаж со животни искуства.
Како да беше вчера, но помина една година откако пејачката Тамара Тодевска стана мајка по вторпат и на свет го донесе синчето Дарен.
Неговата прва фотографија која мама ја покажа во јавност, беше онаа каде тој како новороденче е пресладок во кугла со бонбони, а истата Тамара сега ја стави како сеќавање на своите „стори“ приказни на Инстаграм.
Но, како што е ред, првиот роденден на децата не се пропушта, а мама и тато организираа роденденска забава на која беа присутни повеќемина нивни роднини и пријатели.
Славеникот пак, од сладок посладок, облечен како мал рокер со доза на елеганција, маичка со натписот на „Ролинг стоунс“, црвена пеперушка и црни панталончиња, надополнето со старки во соодветна нијанса на комбинацијата.
Роденденската торта исто така беше специјална со форми од животни, како и слични колачиња за децата кои беа таму, а за да им биде уште поинтересно, во игротеката имаше и две маскоти кои ги забавуваа.
Дада Хана беше главна на тромболината, возбудена од се она што се случува за нејзиното братче.
Забавата за мама не заврши тука, таа вечерта продолжи да го слави денот кога по вторпат стана мајка и покажа како се забавува во еден скопски ноќен клуб каде е често присутна.
Среќен роденден Дарен!