Во последните неколку месеци се шпекулира дека водителката на „Пинк“, Сања Маринковиќ се разведува од својот сопруг Александар и дека не живеат заедно.
Сања гостуваше во емисијата „Амиџи шоу“ каде што стави крај на гласините и откри како стојат работите во нејзиниот брак.
„Можам само да кажам дека како и многумина, јас пред Нова година правам список, а на тој список ми се желбите за работа, здравје и секако желбите за љубов. Сакам во 2020 година да бидам најсакана жена, од утро до вечер, а дали тоа ќе биде во брак или не, тоа ќе размислам“ вели Сања и додава:
„Воопшто не е комплицирано, јас сум една од оние жени кои веруваат дека постои вистинска љубов и дека не е гаранција дека големата љубов ќе заврши во брак кој ќе трае засекогаш. Јас кога се омажив, Страхиња имаше четири години и ни тогаш не барав гаранција колку ќе трае. Реков дека сакам да бидам најсакана жена во 2020 година, а дали тоа ќе биде во брак или не, ќе размислам. Не сум разведена, времето ќе покаже“ додаде водителката.
За потсетување, Сања повеќе од 20 години ја води емисијата „Магазин ин“ каде што обработува разни теми.