„Сенките над Балканот“ се спуштија и над Скопје… Некој ќе рече метропола, престолнина, а ако малку задрете во неговата внатрешност, а тоа не е центарот, ќе се уверите дека наместо државна престолнина поедини места во Скопје личат на маалска пустелија.
Во град си, а како да не си… Небаре си во некое забаталено мариовско село, битолската ромска приградска населба „Баиро“ или споменатото „Јатаган маала“ од популарната серија „Сенки над Балканот“. Така денес изгледаат поедини делови на скопската општина Ѓорче Петров, особено во делот на улицата „Мис Стон“ кон населбата Даме Груев. Кал до колена и дупки до појас. Особено кога ќе падне дожд или снег.
Мештаните возејќи по дупките на руинираниот асфалт автомобилите веќе ги испокршија, не дај Боже фали уште некој да скрши нога или колк! Услови за живот под човечкото достоинство, каде ниту елементарните права на се запазени. Родителите мораат до дома децата да ги носат в раце, а возрасните да си набават гумени рибарски чизми за нормално движење и функционирање по она за што плаќаат придонеси и даноци! Ја хранат општинската администрација, а бирократите од општината на чело со градоначалникот Александар Наумовски мува не ги лази…
Нему му се поважни кафеаните, пејачките и танчарките за славење, отколку проблемите на граѓаните и проектите за градење.
Нова Година наближува и сосема извесно е дека мештаните од споменатата наслеба и понатаму ќе газат по вода, ќе возат по дупки, ќе кинат и валкаат чевли по ѓорчепетровската кал, додека градоначалникот се подготвува за својот новогодишен бал! Тој веројатно во некоја кафеана, граѓаните на населбата Даме Груев за уште еден новогодишен „бал по кал и вода“!