Лука Јовиќ (21) е целосно заслепен од поранешната девојка на Вељко Ражнатовиќ, манекенката Драгана Баниќ (27)! Фудбалерот на Реал Мадрид, додека сè уште се дружеше Софија Милошевиќ, започна да ја брка нејзината колешка.
„Лука се запозна со Драгана преку пријател и веднаш беше воодушевен од неа. Тие разменија броеви и почнаа да комуницираат. Оваа започна уште додека Софија во јавноста изјавуваше дека Лука и таа се лудо заљубени еден во друг“ – вели еден од пријателите на Јовиќ и ја продолжува приказната.
„На Лука слабост му се манекенките. Кај Драгана му се допадна тоа што таа речиси секогаш е без шминка, поседува вистинска природна убавина. На крајот на краиштата, таква е и мајката на неговиот син Давид, Анџела Маниташевиќ.
Досега не му се случило да запознае девојка и да ја однесе во кревет истата ноќ. Затоа, сите девојки го ценат и го почитуваат“ – вели изворот.
„За мене е енигма како тој и Софија Милошевиќ воопшто беа заедно, затоа што тие се два сосема различни света. Таа е многу алчна, а тој сака мирни девојки. Тие беа заедно два месеци, а потоа се’ се распадна. Кога раскинаа, тој дојде во Белград и секоја вечер излегуваше со пријателите. Тој се сретна со Софија на една од забавите, па тие повторно ја поминаа ноќта заедно, така што навистина не знам каква е релацијата меѓу нив сега“ – вели блискиот извор на фудбалерот.