Радио Милева

Тешко му падна раскинувањето?Турските медиуми тврдат дека бившиот партнер на Емина Јаховиќ се лечи во душевна болница

Тешко му падна раскинувањето?Турските медиуми тврдат дека бившиот партнер на Емина Јаховиќ се лечи во душевна болница

Пејачката Емина Јаховиќ претходната година се разведе од Мустафа Сандал со кого има два сина, а набргу потоа започна нова љубовна врска со турскиот милионер Садетин Саран.

Оттогаш, пејачката и нејзиниот партнер постојано се во центарот на вниманието на медиумите, па имаме прилика да прочитаме разни вести за нив.

Иако, неодамна се пишуваше дека наводно парот раскинал, Емина ги демантираше овие пишувања.

Меѓутоа, турските медиуми не престануваат да пишуваат за Емина и Садатин, а она што последно го пишуваат е дека наводно Саран се лечи од депресија во една приватна клиника во Австрија.

фото: Инстаграм

„Садетин најмногу време поминува покрај езерото и на базен. Истата клиника ја посети кога се раздели од сопругата“ вели извор за турските медиуми.

Тој додава дека е таму бидејќи тешко му паднало раскинувањето со Јаховиќ.

Познатиот милионер на социјалните мрежи објави фотографија од болницата и напиша: „Нашите животи се онакви каква е околината во која се ноаѓаме“ напиша Садетин.

фото: Инстаграм

Емина Јаховиќ се уште не се огласи по повод овие пишувања на турските медиуми.

To top