Радио Милева

Влатко Лозаноски ограбен на настап (видео)

Влатко Лозаноски ограбен на настап (видео)

Влатко Лозаноски важи за еден од најдобрите македонски пејачи, а оваа година може да се пофали со многубројни концерти низ цела Македонија.

Публиката е се повеќе бројна, а неговите хитовите ги пеат и најмалите кои секогаш се во прв ред на неговите настапи.

Влатко во емисијата „Еден на еден“  истакна дека му се случило оваа година да има и по 3,4 настапи на ден.

фото: Притнскрин/јутуб

А оние кои му се вистински фанови секогаш се туркаат да дојдат до него и тој момент да го овечовечат со фотографија со својот идол.

Меѓутоа, Влатко во „Еден на еден“  ја откри и темната страна на славата односно откри дека го ограбиле на настап и вели дека ова не е првпат да му се случува.

фото: Притнскрин/јутуб

„Со мојата работа очекувам се да ми случи, имаше моменти  каде што е разбиено возилото и тоа многу пати во мојата кариера. Не е само еднаш.Пред некое време ми ги ограбија сите лични документи. Немам идентитет“, изјави Лозано и додава дека пред неколку години му бил украден и микрофон.

Тој се пошегува дека сега може да се прекрсти во друго име и кум да си побара. Меѓутоа, Лозано не е единствен од естрадата кој бил ограбен, вакви непријатни ситуации им се случиле  и на многу негови колеги.

To top