Уште еден скандал го потресе кралското семејство, а овој пат за тоа не е заслужна Меган Маркл.
Иако на многумина им е чудно, принцот Хари е заслужен за бесот во неговиот дом.
Венчавката е закажана за 19-ти мај, а на списокот на гости се најде и личноста која не е посакувана меѓу неговите. Станува збор за Сара Фергусон – поранешната сопруга на Ендрју, синот на кралицата Елизабета.
-Хари донесе своја одлука. Сака Сара Фергусон да биде на венчавката и така ќе биде, вели извор близок до кралството.
Сара и Ендрју се разведоа во 1996 година кога таа на југот од Франција е фатена во прељуба со финансискиот советник.
Тогаш се разведе и замина од кралското семејство, а 2010 година беше на ивица на банкрот. Со поранешниот сопруг денес е во добри односи.
Поради нејзиното доаѓање на свадбата најмногу се противеле принцот Чарлс и сопругот на кралицата Елизабета, Филип.