Американскиот пејач Џејсон Деруло објави фотографија во тесни црни боксерици кои го истакнуваат неговиот полов орган, а Инстаграм ја отстрани фотографијата која тврди дека е премногу вулгарна.
Пејачот повторно ја објави контроверзната фотографија и напиша дека не е виновен за за големината на неговиот генитален орган.
„Не разбирам. Имам долна облека. Не сум виновен што ми е толкав“, напиша Џејсон под објавата, при што неговите следбеници се пошегуваа дека тоа е „полова дискриминација“, бидејќи и тој претходно својата машкост ја опиша како „анаконда“.
Џејсон е често разголен, што особено ги радува многу жени. Тој се појавува во своите видеа без маица, а на фотографиите што ги објавува на социјалните мрежи го покажува своето мускулесто тело.