Радио Милева се' за вечна младост...

Рада Манојловиќ би пиела и урина за да остане вечно млада, само… не знае дали потоа момчето ќе сака да ја бакне!

Рада Манојловиќ би пиела и урина за да остане вечно млада, само… не знае дали потоа момчето ќе сака да ја бакне!

Не е тајна дека Рада Манојловиќ, покрај  вокалните можности и заразни песни,привлекува и со телесните квалитети, поради што нејзините настапи низ цела Србија, регионот и дијаспората се преполни, а таа веќе започна да размислува како да остане млада и убава колку што е можно подолго.

 

На прашањето поврзано со поп кралицата Мадона која како еликсир на младоста вели дека пиела од сопствена урина и лежи во када полна со мраз, фолк пејачката имаше интересен одговор.

“Сум видела дека спортистите постојано користат мраз, така што веројатно тоа нешто е добро за мускулите и телото. Морам да го проучам тоа. Што се однесува до урината, читав и за тоа, ама не знам дали би отишла толку во крајност? Јас се сакам себе си и би сакала да живеам сто години како Рокфелер и Ротшилд кои купуваат здравје и години, но повторно не знам, дали потоа момчето ќе сака да ме бакне? “ – вели Манојловиќ.

Сепак, постои еден метод што на Радеа и се допаѓа, а е врзано за починатиот крал на поп музиката.

 

„Јас би одела како Мајкл Џексон, во тие хипербарични комори“ –  ќе рече Манојловиќ за фотографиите што некогаш го потресоа целиот свет, во кои пејачот лежи во комора во која кислородната терапија се изведува под покачен притисок, што има позитивен ефект врз здравјето, но и доведува до наводно подмладување.

To top