Радио Милева

Стефан Величковски ги напушти „Ѕвездите на Гранд“

Стефан Величковски ги напушти „Ѕвездите на Гранд“

Во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ секоја година имаме прилика да гледаме македонски кандидати кои се борат да освојат што подобар пласман, да направат музичка кариера, но и да однесат победата.

Како и во претходните неколку сезони, така и во четиринаесетата сезона има македонски претставници кои застанаа пред „судот“ на жирито.

Стефан Величковски оваа година повторно се пријави во музичкото шоу, а за свој ментор го одбра Ѓорѓе Давид со кој требаше заедно да работи за следниот круг.

Меѓутоа, како што пишува курир.мк, Величковски одлучил самоволно да го напушти шоуто бидејќи немал доволно време да се посвети и дека му е потребна пауза.

– Ова ми е трета година по ред и навистина многу ми помогна во кариерата. Имам премногу настапи и не можам соодветно да се посветам на натпреварот годинава, потребна ми е пауза. Лани имав одлична соработка со Вики, а сега одлучив да се повлечам пред да му го трошам непотребно времето на Ѓорѓе Давид. Имам поддршка од Саша Поповиќ и Гранд за се што работам, па се надевам дека многу наскоро токму таму ќе промовирам нешто ново на македонски јазик,  вели Величковски.

фото: Принтскрин/јутуб

Челниците на Гранд не успеале да го убедат Великовски да остане во шоуто, но тој секогаш ќе биде добредојден во нивната продукција.Дали Стефан ќе направи пазуа, па повоторно ќе се врати во некоја од следните сезони останува да видиме.

фото: Принтскрин/инстаграм

За потсетување, Величковски учествуваше и претходната сезона на „Ѕвездите на Гранд“, а ментор му беше Вики Миљковиќ со која имаше одлична соработка.

извор: Курир.мк

To top