Радио Милева

Досега во „Преспав“ се појавија и пејачки и водителки ама една од нив има посебно место и во новата сезона – еве за која се работи…

Досега во „Преспав“ се појавија и пејачки и водителки ама една од нив има посебно место и во новата сезона – еве за која се работи…

Во изминатите три сезони на македонската хумористична ТВ серија „Преспав“,  имавме можност во улога на гости-актери да видиме и наши познати естрадни дами.

Иако имаа сосема мала улога, нивното појавување беше доста впечатливо и интересно за гледачите.

фото:пансион преспав/инстаграм

И во четвртата сезона, која треба да започне да се емитува на 18-ти декември на МРТ1, повторно ќе има вакви изненадувања, а овој пат како за старт веќе е откриено дека нашата позната „Лото“ девојка, Марјана Станојковска, повторно ќе биде дел од тимот на „Преспав“.

Таа со неколку фотографии на кои е во друштво на добро познатите домаќини и вработени на преспанскиот пансион, откри дека уште еднаш ќе се покаже како актерка меѓу најдобрите.

За потсетување, Марјана претходно се појави во третата сезона од епизодата „Конгрес“, каде имаше улога на репортерка, а освен неа имавме можност да ги видиме и Лила Филиповска и Тамара Тодевска.

Какви ли не се возбудливи сцени ќе има во новото продолжение, не може ниту да претпоставуваме, но сигурно е дека ќе има смеење до солзи.

To top