Радио Милева

По долги години соработка Каролина Гочева и откажа љубов на Цаци Паковска?!

По долги години соработка Каролина Гочева и откажа љубов на Цаци Паковска?!

Кога ќе се спомене модниот стил на поп-пејачката Каролина Гочева, прво што помислуваме е нејзината долгогодишна стилистка Цаци Паковска.

Гочева за овој месец февруари закажа неколку концерти во МОБ, на кои ќе го промовира својот нов музички албум.

За таа цел откри дека започнува соработка со нов моден бренд, а не оној на Цаци Паковска во кој се облекуваше со години.

Како најава за новата соработка, Каролина објави неколку фотографии, а ги информираше обожавателите и дека деновиве ќе имаат можност да видат нова фотосесија од неа.

Дека Каролина повеќе нема да го носи италијанскиот бренд кој Цаци го застапува, е повеќе од јасно, но останува непознато дали целосно ја раскинале соработката или пак довербата за стилизирање и спојување комбинации, сепак ќе ја остави во проверените раце на Цаци Паковска.

To top