Холивудската sвезда Кетрин Зета Џонс во септември наполни 50 години, а со децении важи за една од најубавите жени во светот.
Актерката ги изнанади фановите со неделна, релаксирачка фотографија, поточно селфи од креветот додека се одмора по пижами.
– Пижама парти! Среќна недела – напишала Кетрин до фановите, а тие не пропуштија да забележат дека таа е убава и без шминка, но не толку блескава каква што сме навиканале да ја гледаме.
Актерката и нејзиниот сопруг Мајкл Даглас го слават својот роденден во истиот ден, 25 септември, а разликата меѓу нив е 25 години.
Како што истакна Мајкл, тоа било љубов на прв поглед и штом ја здогледал Кетрин, знаел дека ќе биде татко на нејзините деца.
Оваа година,тие прославија 20 години брак.