Српската старлета Сораја Вучелиќ за која се зборуваше дека е во врска со богат Русин, вчера на нејзините следбеници им покажа како ја раскинала свршувачката.
Старлетата долго криеше дека е свршена, а нејзината другарка Ана Кораќ неодамна објави фотографија од момчето на Сораја со што потврди дека таа има вереник, по што јавноста долго време коментираше дека Сораја му е всушност само швалерка, зашто тој е оженет.
Дека работите се искомплицирале и тргнале надолу, покажува последното видео споделено на нејзиниот Инстаграм профил.
На него Сораја со клешти – цвикцангли го сече нејзиниот свршенички прстен, и потоа објавува дека е слободна девојка.
Инаку неодамна српските медиуми напишаа дека овој прстен вреди 150 илја евра, а и го подарил Владимир, нејзиниот богат љубовник. Сораја го пресече и објави дека е сингл, ама… тешко дека ќе му го врати назад!