Мегафон

Deborah De Luca во Скопје

Deborah De Luca во Скопје

Таа е дефинитивно најбрзо растечкиот талент на светската техно сцена. Deborah De Luca е на бесконечна светска турнеа додека во исто време ја раководи својата издавачка куќа Sola_mente records каде ја пласира музиката што ја продуцира… www.facebook.com/deborahdelucadj

Во моменти кога е на самиот врв во оваа индустрија и настапува на најголемите и најважните подиуми ширум светот Deborah De Luca повторно решава да го стави Скопје како една од последните станици од оваа година. Со овој гест таа покажува почит кон една од најдобрите публики во Европа, публика која таа почит ја заслужи на претходите настапи во нашата земја и со право ја стави на пиедесталот на омилени музичари кои некогаш настапувале кај нас!
Нејзиниот техно перформанс е закажан за 28 декември (сабота), во А1 Арена – Борис Трајковски, со пшочеток во  22:00 часот.

Влезници во претпродажба по супер промотивна почетна цена можете да ги најдете во во Југотон и сите продажни места на www.kupikartizase.com

To top