Адам Лабунски на јавноста е познат по неговото учество во регионалните музички шоу „Пинкови ѕвезди“ и „Ѕвездите на Гранд“ каде што си ја проба среќата да создаде музичка кариера.
Во „Ѕвездите на Гранд“ претходната година Адам беше дисквалификуван поради несоодветно однесување со неговата менторка Марија Шерифовиќ.
Откако излезе од шоуто, на Лабунски не му тргна многу во кариерата, но му тргна во љубовта.
Имено, тој е во врска со Џејлана Дачиќ со која често на социјалните мрежи објавува фотографии и јавно и покажува љубов и емоции.
Неодамна, Лабунски на својот „Инстаграм“ објави една фотографија со својата сакана, но неговите следбеници и фанови го распнаа со негатиивни коментари
„Што ќе ти е муслиманка црни Адаме?“, „Ужас, Адаме, не е што е муслиманка туку погледни ја, на некои фотографии целесно е покриенa, а не некои е гола. Бившата ти беше подобра“, се само некои од коменарите.
Освен негативните се најдоа и позитивни коментари кои ја подржаа љубовта на Адам и Џејлана и истакнаа дека изгледаат прекрасно, а им посакаа и нивната љубов да трае вечно.
За потсетување, Лабунски додека беше во регионалното музичко шоу во „Ѕвездите на Гранд“ на социјалните мрежи објави фотографии на кои разменува нежност со манекенката Ивана.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/ognen-zdravkoski-go-razotkri-adam-labunski-objavi-video-na-koe-razmenuva-neznosti-so-srpska-manekenka/