Празници се ближат, Нова Година и Дедо Мраз, Бадник, Божиќ и Василица… И атмосферата веднаш станува поопуштена и повесела, а расположениото кај народот поголемо и подобро.
И не само кај обичните луѓе, туку предпразничната еуфорија почнуваат да ја чувствуваат и познатите лица, особено оние од естрадата и тоа пред сите.
Дел заради снимањата на дузина новогодишни емисии и програми, па Нова Година им доаѓа по пет-шест пати пред на сите да ни дојде, дел заради предновогодишните забави и новогодишната журка сосе патерица, кога се заработуваат најслатките (читај: најдебелите) хонорари!
Повеќето од нив, покрај тоа што ќе бидат преку ТВ екраните во вашите домови, уште отсега знаат каде ќе бидат за Нова Година, во живо.
Знае и таа… Македонската фолкерка Сања Гроздановска – Сани! И затоа уште отсега „скромно“ се пофали каде ќе биде за Нова Година.
„За Нова Година ќе бидам на елката, бидејќи сум врвот“ – напишала Сани на својот Инстаграм профил. Чисто онака, да се знае кој е кој и каде припаѓа. До душа, не објасни дали само ќе стои или ќе седне на врвот… од елката, ама сепак… Врв си е врв! Затоа, елко, елко, порасни уште две-три педи, за да може Сани на врвот да седи!
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/novagodishna-atmosfera-vladee-i-vo-domot-na-sani-makedonskata-folkerka-ja-pokaza-elkata-foto/
Патем, пејачката на сопругот му испрати и „превентивна, предупредувачка, предновогодишна порака“, меѓу редови! Демек општа, ама важи за сопрузите на сите пејачки: „Не ме нервирај, има само на Јутјуб да ме гледаш“!
Познавајќи ја од порано, и не би требало да ја нервира… Зашто оној претходниот, сега навистина ја гледа само на… Јутјуб!